Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во телефонски разговор со американскиот државен секретар Џон Кери се заложил за итен дијалог со посредство на ОБСЕ меѓу Киев и југоисточните региони на Украина, соопшти министерството за надворешни работи на Русија.
Лавров, исто така, го повикал Вашинтон да помогне за ставање крај на украинската воена операција во југоисточниот дел на земјата.
Сергеј Лавров изразил и надеж дека Вашингтон ќе соработува со Киев на план за ослободуавње на политичките затвореници и амнестија за демонстрантите, соопшти руското министерство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дојави за бомби во Киев: Затворени пет метро-станици
-
Ципрас и Пенс телефонски разговарале за преговорите за името на Република Македонија
-
Хаос во Киев: Демонстрантите се судриле со полицијата, уапсени 100 луѓе, најмалку 10 повредени
-
Лавров: Уште еднаш им велам на колeгите од САД – не си играјте со оган