Во Пробиштип денеска почнаа активности за реконструкција на главната улица „Јаким Стојковски“. Инвестицијата изнесува околу 500.000 евра, што
Општина Пробиштип ги обезбеди преку заем од Светска банка.
Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, на почетокот на градежните активности истакна дека продолжуваат проектите за подобрување на инфраструктурата во земјава.
– Задоволство ми е што можам да кажам дека во согласност со проекцијата од предвидениот рок за реализација на активностите започнува реконструкцијата на оваа улица и на тој начин ќе се исполни уште едно ветување на локалната и централната власт кон граѓаните на општина Пробиштип. Крупен инфраструктурен проект со којшто 16.000 жители на Пробиштип ќе добијат добра и модерна улица и на тој начин ќе можат да ги извршуваат секојдневните активности во подобар амбиент – рече Ставрески.
Тој истакна дека во Пробиштип во изминатиот период се реализираа многу значајни инфраструктурни проекти, меѓу кои, новиот градски пазар, нови игралишта, но и изградба на современа филтер-станица, со што Општината го реши проблемот со обезбедување квалитетна вода за пиење.
– Остануваме и понатаму посветени на подобрување на инфраструктурата во овој регион, пред сѐ патот од Крупиште до Пробиштип, потоа од Пробиштип до Пониква и други проекти кои се предвидени во програмата, вклучувајќи ги и проектите на Министерството за култура за обезбедување кинопроектор за да се подобри културниот живот во Пробиштип – нагласи Ставрески.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, информира дека ќе се изврши реконструкција на улицата „Јаким Стојковски“ во должина од 1.200 метри.
– Ќе следи целосна реконструкција на тротоарите, ќе се постави нова патна сигнализација, како и енергетски ефикасни светилки, со што општината ќе заштеди електрична енергија – наведе Тоневски.
На почетокот на градежните активности за обновата на патот присуствуваа и заменик- министерот за одбрана, Емил Димитриев, и државниот секретар во Министерството за животна средина, Соња Липиткова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сестрите кои исчезнаа во Пробиштип се пронајдени во Крушево
-
Министер од актуелната влада во Пробиштип агитира во изборен молк
-
Груевски ѝ порача на власта: Вие не може да го уништите ВМРО, сте се фатиле на погрешно оро
-
Пробиштип: 11-годишно девојче се сликало разголено па било уценувано од возрасен маж



