| четврток, 6 декември 2018 |

Британска компанија ќе вработи 350 млади лица

Invest in macedonia-

Британска компанија што се занимава со бизнис со користење надворешни ресурси за деловни процеси за глобални британски компании, ќе отвори своја канцеларија во Скопје, во која планира да вработи 350 млади луѓе, економисти, менаџери, информатичари.

Директорот на агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида, истакна дека по отворањето на канцеларијата во Скопје, компанијата подоцна планира да отвори свои канцеларии и во други градови во Македонија.

Претставниците на британската компанија што ќе инвестира во Македонија истакнаа дека се решиле за отворање на канцеларии токму тука поради квалитетот на инфраструктурата, квалитетниот кадар што го има Македонија, но и владината помош.

Британската компанија се занимава со нудење услуги на големи британски компании, со што се отвора можност младите луѓе од Македонија директно да работат за големи британски компании.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top