Веднаш препoзнатлив и исклучително рафиниран моќен автомобил со вистински карактер. „Ситроен“ ја продолжува приказната на ДС 5ЛС, сосема нов автомобил со карактеристики на теренец, кој треба да го продолжи развојот на ДС во целиот свет.
Предницата е преземана од ДС 5ЛС со препознатлива предна решетка, дневни ЛЕД и многу хромирани детали. Убавиот изглед на автомобилот, кој е конструиран во Париз, градот на луксузот, го дополнуваат 19-инчните алуминиумски фелни, кои даваат изглед на моќен автомобил.
Задниот дел е со сосема нов изглед. Задните светла се со хромирани делови во облик на скапоцен камен во тридимензионална изведба.
Внатрешноста продолжува да одушевува. Вградени се висококвалитетни материјали од кожа и од велур, кои се дополнети со хромирани лајсни и заедно даваат футуристички изглед.

Моделот ДС 6ВР е долг 4.550 милиметри, широк е 1.860, додека меѓуоскиното растојание изнесува 2.730 милиметри, што заедно со новиот систем против пролизгување овозможува пријатно возење и одлична приспособливост на патот.
Под хаубата се наоѓа 1,6-литарски мотор со 160 или 200 коњски сили, во зависност од желбата за агресивно и економично возење. Преносот се врши на предните тркала преку шестостепен автоматски менувач.
Првите модели „Ситроен“ планира да ги произведе во фабриката во Шензен во Кина за азискиот пазар, додека автомобилот во Европа е планирано да излезе на пазарот во почетокот на следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


