| четврток, 6 декември 2018 |

Казна за навивачот од „Пирати“ што го нападна Страхиња Милиќ

Полициските службеници од полициската станица во Гази Баба го приведоа 28-годишниот Н.Г. од Скопје, кој вчера при крајот на првото полувреме од ракометниот натпревар меѓу Металург и Вардар во спортската сала Автокоманда, беше дел од поголомата група од навивачите „Пирати“ кои недозволено влегоа на спортски терен.

На Н.Г. му е издаден платен налог од Законот за спречување на насилството и недоличното однесување на спортски натпревари.

 

СВР Скопје презема мерки за идентификување на другите лица кои го нарушиле јавниот ред и мир со недозволено влегување на спортскиот терен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top