| четврток, 6 декември 2018 |

Последен воз за да се остане на политичките шини

Зо­ран За­ев, ка­ко и нај­го­лем дел од про­фе­си­о­нал­ни­те по­ли­ти­ча­ри, знае де­ка има са­мо ед­на шан­са за да ја пре­жи­вее сво­ја­та лич­на кри­за и нај­но­ва­та ма­ке­дон­ска по­ли­тич­ка кри­за. За­тоа и вле­зе во оди­се­ја­та со не­приз­на­ва­ње на ка­та­стро­фал­ни­от по­раз. На За­ев му е јас­но де­ка ду­ри и да оста­не на че­ло на СДСМ, де­но­ви­ве и ме­се­ци­ве пред нас тој ќе би­де пред­вре­ме­но пен­зи­о­ни­ран

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Kolumna87-1

Ма­те­ма­ти­ка­та е мно­гу ед­но­став­на. Ако не­ма бој­кот од стра­на на СДСМ, За­ев ќе би­де це­лос­но мар­ги­на­ли­зи­ран. Ка­ко ре­тко ко­га во пос­лед­ни­ве 10 го­ди­ни, зем­ја­та вле­гу­ва во пер­и­од од нај­мал­ку три го­ди­ни во кои не се пред­ви­де­ни ни­ка­кви из­бо­ри. Пе­ри­од во кој вла­да­та на Гру­ев­ски ќе се со­о­чу­ва со кри­ти­ки од опо­зи­ци­ја­та, но ре­ал­но ќе има до­вол­но вре­ме за да ги спро­ве­де си­те 2.046 про­е­кти и да го зац­вр­сти сво­јот реј­тинг кај на­ро­дот. Итри­от стру­ми­ча­нец знае де­ка до­кол­ку ВМРО–ДМНЕ спро­ве­де ма­кар и ед­на по­ло­ви­на од сво­и­те про­е­кти и до­не­се и ед­на тре­ти­на од нај­а­ве­ни­те стран­ски ин­ве­сти­ции, СДСМ и за три го­ди­ни на ло­кал­ни­те из­бо­ри и за че­ти­ри го­ди­ни на след­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри ќе не­ма по­го­ле­ми шан­си за пре­сврт. За­ев е све­сен де­ка и по­крај прог­но­зи­те и на­де­жи­те на дел од ана­ли­ти­ча­ри­те за еко­ном­ски и фи­нан­си­ски крах, та­кво­то сце­на­рио е мал­ку ве­ро­јат­но со нај­но­ви­те по­ме­сту­ва­ња во свет­ска­та и, пред сѐ, во европ­ска­та еко­но­ми­ја од ко­ја во го­лем дел за­ви­си и ма­ке­дон­ска­та. Мо­же да се на­де­ва на по­вто­ру­ва­ње на ет­нич­ки­те су­ди­ри од 2001 го­ди­на, но ако ги чи­та ана­ли­зи­те на стран­ски­те аген­ции и нив­на­та вос­хи­те­ност од на­чи­нот на кој Гру­ев­ски и Ах­ме­ти ги др­жат под кон­тро­ла ин­те­рет­нич­ки­те тен­зии и по­крај стра­вич­но опас­ни и те­шки на­ста­ни ка­ко ве­лиг­ден­ски­от ма­сакр кај Смиљ­ков­ско Езе­ро и опе­ра­ци­ја­та „Бро­дец“, и таа на­деж не тре­ба да е го­ле­ма.

И вле­зот во НАТО и во ЕУ ка­ко че­кор што мо­же да ја ур­ни­са вла­ди­на­та ко­мот­на по­зи­ци­ја ве­ќе не е пре­су­ден за ме­ну­ва­ње на рас­по­ло­же­ни­е­то на на­ро­дот, осо­бе­но отка­ко пре­су­да­та од Хаг по­ка­жа и до­ка­жа де­ка Ма­ке­до­ни­ја не е ви­нов­на за од­но­си­те Скоп­је – Ати­на. Ни­кој во зем­ја­ва не ве­ру­ва де­ка ма­ке­дон­ска­та вла­да е ви­нов­ни­кот за грч­ко­то ве­то во евро­ат­лант­ски­те ин­те­гра­ции а и сѐ по­ве­ќе лу­ѓе во све­тот го сфа­ќа­ат тоа.

Единс­тве­ни­от про­стор ка­де што За­ев мо­же да се на­де­ва на дра­ма­тич­на про­ме­на и да би­де ре­а­лен оп­ти­мист де­ка ра­бо­ти­те ќе се свр­тат во не­го­ва ко­рист е ла­ко­мо­ста на Али Ах­ме­ти да го на­мет­не ал­бан­ски­от ја­зик ка­ко офи­ци­ја­лен ја­зик на це­ла те­ри­то­ри­ја на зем­ја­та, за­ед­но со ма­ке­дон­ски­от ја­зик, и да до­бие Ал­ба­нец за шеф на др­жа­ва­та, пре­тсе­да­тел на Со­бра­ни­е­то или ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти.

Kolumna87-2

Не е са­мо Ах­ме­ти сре­ќен од по­те­гот на За­ев

Ин­фор­ма­ци­ја­та за бој­ко­тот на За­ев не би­ла до­бре дој­де­на са­мо во Ма­ла Ре­чи­ца. Спо­ред не­по­твр­де­ни соз­на­ни­ја, вид­ни чле­но­ви на ка­би­не­тот на Са­ма­рас, ше­фот на опо­зи­ци­ја­та, во жи­во, со по­мош на пре­ве­ду­вач, ги слу­ша­ле збо­ро­ви­те на За­ев. Во мо­мен­ти ко­га Гр­ци­ја, и тоа спо­ред до­бро­ин­фор­ми­ра­ни пров­ла­ди­ни ме­ди­у­ми во Ати­на, се со­о­чу­ва со крах на по­ли­ти­ка­та за име­то и со ри­зи­кот по­ра­ди сѐ по­ма­ла­та под­др­шка во све­тот да го спре­чи при­е­мот на Ма­ке­до­ни­ја во НАТО во сеп­тем­ври, Са­ма­рас по прин­ци­пот на ста­ра­та „не­при­ја­те­лот на мо­јот не­при­ја­тел е мој при­ја­тел“, го до­би­ва нај­до­бри­от мо­жен со­јуз­ник, гра­до­на­чал­ни­кот на Стру­ми­ца. Се­га Са­ма­рас, до­кол­ку би­де, на­ви­сти­на, би­де при­тис­нат од Ва­шин­гтон, Бер­лин или Па­риз по­ра­ди Укра­и­на да на­пра­ви от­стап­ка и да нѐ при­мат во НАТО под ре­фе­рен­ца­та, лес­но ќе мо­же да по­ен­ти­ра де­ка др­жа­ва во ко­ја опо­зи­ци­ја­та не е дел од ин­сти­ту­ци­и­те не е нај­до­бар кан­ди­дат за член­ка на али­јан­са­та. До­кол­ку ВМРО–ДПМНЕ ги од­бие ба­ра­ња­та на ДУИ и Ах­ме­ти го фа­ти па­тот на За­ев, то­гаш Са­ма­рас ќе има уште по­лес­на за­да­ча да ги убе­ди гло­бал­ни­те фа­кто­ри де­ка Ма­ке­до­ни­ја не са­мо што е во дла­бо­ка по­ли­тич­ка кри­за ту­ку и де­ка е по­тен­ци­ја­лен без­бед­но­сен ри­зик. Во спо­рот за име­то до­пол­ни­тел­но ќе има од­ли­чен ар­гу­мент спо­ред кој без ве­ри­фи­ку­ва­ње на евен­ту­а­лен до­го­вор од опо­зи­ци­ја­та по­стои опас­ност тој да не би­де при­фа­тен од неа ко­га ќе се вра­ти во ин­сти­ту­ци­и­те.

Со сво­ја­та пос­лед­на по­ли­тич­ка аван­ту­ра За­ев зна­чи­тел­но му ја олес­ни цел­та на Ах­ме­ти. Мно­гу се ла­жат и пре­ми­е­рот Гру­ев­ски, и до­маш­ни­те ана­ли­ти­ча­ри , и стран­ски­те наб­љу­ду­ва­чи и ам­ба­са­до­ри де­ка на За­ев му е по­тре­бен до­бар сон и би­стре­ње на зо­ври­е­на­та гла­ва за да сфа­ти што на­пра­вил со не­приз­на­ва­ње­то на из­бо­ри­те. Иа­ко мно­гу­ми­на го пот­це­ну­ва­ат по­ра­ди не­го­ви­от брз ја­зик, во слу­ча­јов ни­ка­ко не смее да се по­мис­ли де­ка се ра­бо­ти за мо­мент на раз­о­ча­ру­ва­ње и на бес пре­диз­ви­ка­ни од не­ре­гу­лар­ни из­бо­ри. Зо­ран За­ев точ­но знае ка­ква про­ме­на во од­но­си­те ВМРО –ДПМНЕ и ДУИ до­не­се не­го­ва­та нај­а­ва за бој­кот на ин­сти­ту­ци­и­те ако не­ма тех­нич­ка вла­да и но­ви из­бо­ри ор­га­ни­зи­ра­ни од иста­та таа за­мис­ле­на вла­да од За­ев.

Ка­ко што го­во­рот на те­ло­то на За­ев и со­вр­ше­но иска­жа­ни­от текст на кон­фе­рен­ци­ја­та за пе­чат вед­наш по за­тво­ра­ње­то на гла­сач­ки­те ку­тии по­ка­жа де­ка се ра­бо­ти за дол­го пла­ни­ра­на по­ли­тич­ка опе­ра­ци­ја, ко­ја не за­ви­се­ше од де­нот на из­бо­ри­те или од вла­ди­на­та кон­тро­ла на го­лем дел од ме­ди­у­ми­те, та­ка и еу­фо­ри­ја­та на ли­де­рот на ДУИ на вни­ма­тел­ни­те пос­ма­тра­чи јас­но им по­ка­жа де­ка тој е мно­гу по­ра­до­сен од по­те­гот на За­ев откол­ку од осво­е­ни­те 19 пра­те­ни­ци во со­бра­ни­е­то.

Зо­ран За­ев е ре­шен ако ве­ќе про­па­ѓа ка­ко ли­дер на нај­го­ле­ма­та пар­ти­ја да се оби­де со се­бе во ви­те­лот да го од­не­се и сво­јот нај­го­лем по­ли­тич­ки ри­вал Ни­ко­ла Гру­ев­ски. И за­тоа му го сер­ви­ра­ше на ли­де­рот на ДУИ. Про­ста­та ма­те­ма­ти­ка ве­ли де­ка без пра­те­ни­ци­те на СДСМ во со­бра­ни­е­то и во ин­сти­ту­ци­и­те Гру­ев­ски ќе има мно­гу по­те­шка за­да­ча да ја спро­ве­де сво­ја­та про­гра­ма до­кол­ку на сли­чен че­кор ка­ко СДСМ се ре­ши и ДУИ. Ах­ме­ти ве­ќе нај­а­ви де­ка при до­го­ва­ра­ње­то на но­ва­та вла­да ќе на­ста­пи со не­кол­ку ба­ра­ња и де­ка во слу­чај тие да би­дат од­би­е­ни, нај­го­ле­ма­та ал­бан­ска пар­ти­ја не иск­лу­чу­ва де­ста­би­ли­за­ци­ја на зем­ја­та. Точ­но е де­ка ВМРО–ДПМНЕ мо­же да функ­ци­о­ни­ра во ко­а­ли­ци­ја со ГРОМ и со ДПА, но, об­је­ктив­но, ми­ни­мал­ни се шан­си­те за ста­бил­но вла­де­е­ње во си­ту­а­ци­ја до­кол­ку вкуп­но 54 пра­те­ни­ци на СДСМ и на ДУИ се над­вор од Со­бра­ни­е­то.

На што ги те­ме­ли Ах­ме­ти сво­и­те ба­ра­ња

На еден од пре­диз­бор­ни­те ми­тин­зи ли­де­рот на ДУИ на при­сут­ни­те им по­ра­ча де­ка на овие из­бо­ри за прв­пат на спи­со­ци­те се по­ја­ви­ле 14.000 мла­ди Ал­бан­ци. Тој не ка­жа да­ли е тоа спо­ред­ба со пос­лед­ни­те ло­кал­ни из­бо­ри ла­ни, со пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри во 2011 го­ди­на или со не­кој друг да­тум. Ана­ли­за­та на ал­бан­ски­те гла­со­ви во пос­лед­ни­ве осум го­ди­ни по­ка­жу­ва де­ка Ах­ме­ти со пра­во се гор­дее со но­ви­те ге­не­ра­ции ал­бан­ски гла­са­чи, кои зна­чи­тел­но ја ме­ну­ва­ат стру­кту­ра­та на гла­сач­ко­то те­ло. Еве ка­ко од из­бо­ри­те во 2006 го­ди­на се ме­ну­ва бро­јот на гла­со­ви­те да­де­ни за ал­бан­ски­те по­ли­тич­ки пар­тии во из­бор­ни­те еди­ни­ци 1, 2, 5 и 6 ка­де што тие до­би­ва­ат зна­чи­тел­на под­др­шка.

2006190.000
2008220.000
2011225.000
2014228.000

По­ра­стот на бро­јот од 38.000 гла­са­чи што гла­са­ле за ал­бан­ски пар­тии е иден­ти­чен со раз­ли­ка­та ме­ѓу вкуп­ни­от бро­јот гла­са­чи во 2006 го­ди­на и во 2014 го­ди­на, што би мо­же­ло да зна­чи де­ка бро­јот на гла­са­чи Ма­ке­дон­ци и дру­ги на­ци­о­нал­но­сти пред осум го­ди­ни и се­га е ист, а бро­јот на гла­са­чи Ал­бан­ци е зго­ле­мен за 38.000. На пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри во 2006 го­ди­на од вкуп­но 1.741.449 из­би­ра­чи гла­са­ле 974.891 или 55,98 про­цен­ти. На пос­лед­ни­те из­бо­ри од вкуп­но 1.779.572 из­би­ра­чи, гласале 1.120.744  со одѕив од  62,96 проценти.

 

(објавено во 87. број на неделникот „Република“, 2.05.2014)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top