| четврток, 6 декември 2018 |

Удрете на цепење, секирата е повторно измислена (Видео)

sekira drvaПензиониран контролор на летање, Хеики Карна од Финска, дизајнираше секира, која чудно изгледа и која може да цепи парче дрво со еден удар. Секирата повторно е произведена, првпат во осум илјади години, со закривено острило, кое е дизајнирано така што во моментот на ударот во дрвото, тоа моментно застанува. Корисниците можат да бидат безгрижни кога е во прашање користење на оваа секира за разлика од обичните кај кои повредите се почести, па тука, практично, е невозможно да се случи повреда.

Дизајнерот на оваа необична секира дојде до идеја да направи нова и подобра верзија на секирата од камената доба, додека цепел дрва во шумата и неколку пати бил многу блиску да се повреди. За да пронајде нов и посигурен начин на сечење дрва, почна да развива многу прототипи, што на крајот резултираше со создавањето на оваа секира.

Карна вели дека за неговиот изум има огромна заинтересираност и покрај високата цена на секирата, од 250 евра.

– Производството и продажбата на новата секира одат одлично, но проблем е тоа што не можам да направам толку колку што се бараат и продаваат- вели низ смеење Карна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top