Откако не ги призна резултатите од предвремените парламентарни и претседателски избори, лидерот на СДСМ Зоран Заев постојано е мета за шега на социјалните мрежи. Овој пат, фејсбук заедницата “предвидува“ дека Заев нема да ги признае резултатите од Конгресот на СДСМ доколку биде сменет.
Кон шегите се приклучи и министерката Гордана Јанкулоска, која на својот ФБ профил напиша: СДСМ во исчекување- Дали ако не добие поддршка на претстојниот конгрес на СДСМ, Зоран Заев ќе ги признае резултатите од гласањето за доверба на раководството?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.