| четврток, 6 декември 2018 |

Се сечат дрвја во Дебар Маало, каде се сега „Паркобраните“? (фото)

Исечени стари дрвја и трупци можат да се забележат на повеќе места во Дебар Маало. Најмногу дупки и откорната земја, каде биле засадени дрвјата, забележавме на улицата „Ѓорги Пешков“, која гледа кон Градскиот парк.

Во општина Центар дрвјата се исечени на место каде се започнати градежни работи. Во ова нема ништо чудно бидејќи центарот на градот е урбана средина и очигледно дека сечењето на дрвата е потребно поради градежни активности. Но, од сечењето на дрвја во друг дел на централното градско подрачје, пред неколку месеци се направи огромен скандал. Затоа, се поставува прашањето- Каде се сега активистите на граѓанската иницијатива „Паркобрани“ да протестираат за сечењето на дрвата?

debardrvaaa2

Нивното селективно реагирање е доказ дека протестите кај Бристол беа политички мотивирани. Сега за исечени дрвја во срцето на градот, никој не протестира иако не се знае што на тоа место ќе се гради.

Паркобраните со ноќи го чуваа паркот кај Бристол, а деновиве ниту трага ниту глас од нив за исечените дрвја во Дебар Маало.

debardrvo3

Молк и од градоначалникот на општина Центар, Андреј жерновски, кој пред само неколку месеци гласно застана во одбрана на Паркобраните и обвинуваше дека зеленилото се уништува. Зарем сега не се уништува зеленило? Или сега молчат бидејќи ова зеленило се уништува за потребите на општина Центар?

Дека заштитата на дрвјата не им беше мотив за протест на Паркобраните, тие докажаа и на Денот на дрвото, кога ниту еден од нив не излезе да посади дрво. И Жерновски со игнорирањето на големата акција за пошумување и зазеленување на Македонија докажа дека имало други мотиви за поддршката која тогаш ја даваше.

parkobranite

Дополнително, додека протестираа кај Бристол, паркобраните го огрдија изгледот на централното градско подрачје. Протестираа за неколку дрва стари по 5 века, а со спреј и боја огрдија повеќе од пет згради во истата околина.

Курир побара одговор од општина Центар за која намена се исечени дрвјата на улицата „Ѓорги Пешков“, но од таму ни рекоа дека одговор ќе добиеме утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top