| четврток, 6 декември 2018 |

Син на градоначлник фрлил полицаец низ прозор

Синот на градоначлникот на Дубровник, Андре Валхушиќ, Фрањо фрлил полицаец низ стаклен ѕид. Како што пишуваат хрватските медиуми, синот на градоначлникот учествувал во тепачка во Загреб.

По интервенција на полицијата тој заедно со уште неколку лица бил приведен во полициска станица. Во видно алкохолизирана состојба, Фрањо во полициската станица почнал да се расправа со полициските службеници.

Во еден момент расправата ескалирала и Фрањо го бутнал полицискиот службеник низ стаклениот ѕид. Стаклото се скршило, а полицаецот заработил сериозни повреди во вид на расекотини по што бил префрлен во болница.

Алкотестот покажал дека Фрањо бил многу пијан. Во неговата крв имало повеќе од 2 промили алкохол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top