Протестантите кои протестираат против Бојко Борисов се движат кон бугарското Народно собрание каде се одржува протест за поддршка на премиерот Борисов кој утрово поднесе оствака на владата за која во парламентот на Бугарија ќе се гласа утре. Има големи тензии меѓу двете групи на протестанти, а постои опасност од судир информираат бугарските медиуми.
Додека едните скандираат “Мафија” и “Оставка” другите со извици “Бојко, Бојко”. Полициското присуство е засилено. Двата протести се разделени од полиција, жандармерија и метални огради, а протестантите се оддалечени на 20 метри едни од други.
Како што информира бугарскиот медиум 24 часа дошло и до помал инцидент кога млад човек ги прашувал симпатизерите на Борисов што прават. Се останало на мало подгурнување откако полицијата интервенирала брзо и не дозволила да дојде до посериозен инцидент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Борисов бара ревизија на сите издадени бугарски пасоши во последните пет години
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени



