| четврток, 6 декември 2018 |

Еден купувач го купил целиот последен кат од првата кула на Џевахир во Скопје

Oblakoderi Cevahir AER 0611

Еден купувач ги купил сите станови на највисокиот кат во едната од двете кули на „Џевахир скај сити“, кои се во поодмината фаза на градба, откри раководството на турската компанија, која ги гради највисоките облакодери во Македонија. Името на купувачот засега не се открива, но тој ги купил сите луксузни апартмани на последниот, 42. кат во едната зграда. Од компанијата денеска информираа дека досега е договорена продажба на 60-ина стана во облакодерите.

Во затворениот комплекс, покрај станбениот дел се предвидени и дополнителни содржини – трговски центар, сали за вежбање, три покриени базени, турски бањи, сауни, детски игралишта, сквош и пинг-понг игралишта… Почетната цена на становите е 1.100 евра за квадрат, но за луксузните апартмани на врвот таа е неколкупати повисока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top