
Потврдите за примени вакцини и превентивна стоматологија за упис на децата во предучилишни и училишни установи родителите може да ги обезбедат бесплатно во здравствениот дом во место на живеење.
Министерството за здравство ги информира дека потврдата за вакцинален статус ја издава службата за имунизација во здравствениот дом, а потврдата за забен статус ја издава службата за детска превентивна стоматологија.
– Напоменуваме дека потврдите се бесплатни и ги издава исклучиво докторот што врши вакцинација во службите за имунизација, односно службата за превентивна стоматологија и тие не треба да се издаваат од матичните лекари – соопшти ресорното министерство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Самохраните родители со ниски примања нема да плаќаат за градинка
-
Груевски: Современ градски пазар, нови градинки, спортско-рекреативни комплекси – многу проекти за Општина Струмица
-
Теловска: Царовска излажа, нема ниту нови градинки, ниту втора смена во нив
-
Општина Кaрпош: Нема услови градинките да работат во две смени, идејата на министерството е нефункционална


