| четврток, 6 декември 2018 |

Стравотна сообраќајка кај Зоолошка – неколку повредени

Стравотна сообраќајна незгода се случи на булеварот „Илинден“ во Скопје. Сообраќајницата е блокирана откако дваесетина минути пред 14 часот се судриле „мицубиши колт“ со скопски регистерски таблички и „форд фокус“ со странска регистрација.

Според првичните информации има и повредени. Во МВР сѐ уште немаат информација како дошло до стравотниот судир. На целиот простор пред Зоолошката градина има расфрлано стакло и парчиња од двата автомобила.

Извор: Сител/ фото: Игор Ангеловски (Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top