| четврток, 6 декември 2018 |

Од сабота за 19,5 евра со воз до Солун и назад

воз

Грчкиот патнички воз „хелас” од сабота повторно ќе ја воспостави железничката врска меѓу Солун, Скопје и Белград. Токму пругата Скопје-Солун била првата јавна железница во Македонија.

Цената во еден правец е 12,2 евра, а повратниот билет ќе чини 19,50 евра. Од 10 мај до 10 јуни за сите патници следува попуст од 30 проценти на овие цени.

Возот од Скопје за Солун ќе поаѓа во 5,15 часот наутро, а во Солун ќе пристигнува во 11,16 часот локално време. Истовремено грчките железници отвораат и железничка линија Солун-Софија-Солун. Од Солун возот ќе тргнува во 15,52 часот, а во Скопје ќе пристигнува во 19,50 часот.  Возот од Солун за Скопје ќе продолжува кон Белград и во српската метропола би бил во раните утрински часови, а оттаму според возниот ред ќе тргнува во 18 часот и 45 минути.

Во летниот период ќе сообраќаат и вагони за превоз на автомобили помеѓу Белград и Солун, а постои интерес и за повторно воведување на директни вагони помеѓу Солун и главните градови на Чешка, Словачка и Русија.

Првата јавна железница во Македонија сообраќаше токму на линијата Скопје – Солун од 9 август 1873 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top