Руското министерство за надворешни работи објави дека генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, „има проблеми со видот“.
Како што јави ИТАР-ТАСС, ваквата реакција, која беше поставена преку профилот на „Твитер“ на Министерствoто, следи по изјавата на Расмусен дека НАТО „не гледа никакви знаци оти руските војници се повлекуваат од украинската граница“.
Министерството за надворешни работи на Руската Федерација на тоа одговори: „На слепите им препорачуваме да се запознаат со изјавата на рускиот претседател од 7 мај“.
Владимир Путин вчера изјави дека Русија ги повлекува своите војници од границата со Украина, каде што, според оценките на НАТО, од крајот на април има 40.000 руски војници.
– Постојано се велеше дека нашите војници на украинската граница предизвикуваат грижи. Денес тие веќе не се на украинската граница, туку на места каде што ги спроведуваат вообичаените вежби и тренинзи – изјави рускиот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.