| четврток, 6 декември 2018 |

Паника во Мадрид – Роналдо неизвесен за финалето во ЛШ

Најдобриот фудбалер во Реал Мадрид ја обнови повредата на задниот дел од бутината, а мадридските медиуми веќе почнаа да пишуваат дека неговиот настап во финалето на Лигата на шампиони е неизвесен.

Роналдо во деветтата минута го напушти теренот поради силни болки во задниот дел од бутината, која ја повреди во почетокот на април, поради која и паузираше дваесетина дена.

Португалецот беше видно нервозен на клупата за резервни играчи, а деталните прегледи ќе ја дадат точната дијагноза и потврда дали ќе биде подготвен за финалето на Лигата на шампиони со Атлетико во Лисабон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top