| четврток, 6 декември 2018 |

Паника во Копенхаген – Тијана и Тамара во солзи

Двете сестри доживеале непријатно искуство во Копенхаген  кога нивниот лифт се заглавил и останале заробени еден час.

– Тијана и Тамара ја напуштиле хотелската соба и тргнале кон лифтот на генерална проба кога тој одеднаш застанал меѓу катовите. Во прв момент тие не се исплашиле, но кога светлото почнало само да се пали и гаси, ги фатила паника – пренесува извор српски Ало, кој е во тимот на Тијана во Данска.

Кога лифтот почнал да се тресе, двете почнале да паничат и да тропаат на вратата. Домаќините, сепак, реагирале брзо и ги ослободиле двете наши претставнички.

– Сега ми е смешно, но тогаш плачев од страв. Било, па поминало. Бидете со мене вечер – изјавила кратко Тијана.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top