„Дејли меил“ пишува дека 34-годишната пејачка чека дете со сопругот, Кери Харт.
– Сега е совршено време за уште едно дете – вели неименуван извор.
Папараците неодамна ја уловија додека беше на шопинг во Њујорк, а изворот тврди дека нејзиниот сопруг ја галел по стомакот.
– За кратко Пинк му ја тргна раката за да не ги забележи некој. Но, беше очигледно – заклучи анонимниот извор за „Дејли меил“.
Пинк и Кери веќе ја имаат ќеркичката Вилоу, која наскоро ќе наполни три години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.