| четврток, 6 декември 2018 |

Брз тест: Погледнете ја фотографијата и утврдете дали сте под стрес

Погледнете во фотографијат и утврдете дали сте под стрес.

stres test

Јапонскиот професор по психологија Акијоши Китаока смислил брз оптички тест со помош на кој со еден поглед можете да утврдите колку сте под стрес.

Професорот тврди дека совршено мирни и отпуштени луѓе на сликата гледаат статични кругови, додека за уморните и луѓето под стрес круговите се движат.

Овој оптички тест е познат по називот „ротирачки змии“ и според зборовите на неговиот изумител ако круговите пред вашите очи се движат со голема брзина, тогаш би било добро во борбата против стресот да побарате помош од стручњаци.

Во неговиот тест секако не мора да верувате, затоа што резултатите не се егзактни, но ако навистина чувствувате отежнато физичко или психично здравје обидете се да побарате помош.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top