| четврток, 6 декември 2018 |

Бонева бара извинување од Спасовска, во спротивно ќе ја тужи

Пратеничката од редовите на ВМРО ДПМНЕ Силвана Бонева денеска и’ даде рок од 48 часа на Ивана Спасовска од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да и’ се извини поради обвинувањата дека се стекнала со имот во 2010 година што според платата што ја прима не може да си го дозволи

boneva
-Нема да им дозволам неосновано тоа да ми го прават, затоа ако во рок од 48 часа не се извинат јавно преку сите пишани и електронски медиуми  ќе бидам принудена правдата да ја барам преку суд. Доказите кои што ги собрав преку сите  електронски и печатени медиуми се овде, тие се спремни, а нема да ги употребам , доколку кај нив има морал и чуствуваат потреба да се извинат- изјави Бонева денеска во Собранието.
Пратеничката објасни дека имотот, што според СДСМ е според, е наследство на нејзиниот сопруг од неговите покојни родители.
– Во Анкетниот лист стои дека со оставинска постапка сопругот мој добил половина од семејна куќа, половина куќа за одмор во Дојран, по еден декар нива во Моноспитово наследство од таткото на неговиот  татко  и по еден декар нива  во Негорци наследство од мајката  на неговата мајка. Срамно и безобразно е,  Ивана Спасовска и Јани Макрадули со таква леснотија да  изрекуваат лаги и неосновано да шират  омраза помеѓу народот, затоа што целиот мој живот  чесно сум работела , чесно и денес работам,  напорно без да имам ниту една црна дамка- вели Бонева.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top