Охрид е веќе подготвен за прием на учесниците во најголемото македонско оро долго 18 километри и 400 метри. Покрај локалната самоуправа и СВР Охрид активно се вклучува во организација на проектот „Македонија за Гинис – Најголемото Македонско Оро“. Граѓаните и туристите кои во сабота ќе бидат присутни во Охрид, ќе го заиграат македонското традиционално оро за Гинис.
Броевите за пријавување се уште се отворени за сите граѓани кои сакаат да учествуваат во орото. Граѓаните можат да се пријават секој ден од 10 до 16 часот на следните телефонски броеви : 078 988 998, 075 888 400 и 072 636 307 или по електронски пат на веб страницата mkzaginis.mk и на фејсбук страницата Македонија за Гинис.
Интересот за учество во орото е огромен, како од организирани групи учесници, така и од поединци.
Најголемото македонско традиционално оро во светот од Охрид до Струга ќе се изигра на 10 мај. Во него ќе учествуваат 18.000 лица, а е во организација на НУ „Танец“ и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со што ќе се направи обид Македонија да се внесе во Гинисовата книга на рекорди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кога овој поп ќе поведе оро, сите се крстат и тоа со причина!(видео)
-
Македонците во Грција играат и пеат на “Слушам кај шумат шумите” (видео)
-
Ивица Дачиќ: Вучиќ понекогаш ми вика да отпеам нешто, но и кога треба некој да игра оро со гостите од Африка, тука сум! (видео)
-
Сакала да го собори Гинисовиот рекорд во нуркање, но се удавила на Халкидики