Македонскиот топ модел Катарина Ивановска неодамна ја најави својата прва колекција летни маици под брендот „Парго“. Дел од оваа колекција од денес е пуштена во продажба на локации во кафе-баровите „Концепт 37“ и Ракија бар „Калдрма“ во Стара Чаршија.
Дел од колекцијата „Парго“ ќе биде достапна за сите заинтерсирани кои ќе учествуваат и присуствуваат на Скопскиот Маратон закажан за 11 Мај.Продажниот пулт ќе биде поставен на Плоштад „Македонија“ од четврток, 08 Мај.
Средствата од хуманитарната продажбата на маиците ќе бидат наменети во „Катарина Ивановска Фондацијата“. Фокус на фондацијата e поддршка во процесот на лекување деца од социјално загрозени семејства. Токму оваа група дечиња е предмет на работењето на фондацијата која има за цел да помогне директно и индиректно во решавањето на нивните проблеми. Хуманитарно здружение ќе дава морален и материјален придонес на оваа ранлива категорија граѓани во нашата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


