| четврток, 6 декември 2018 |

Фајон: Изборите беа фер и демократски, Владата да се формира што побрзо

fajon

Ниту дел европските социјалдемоктати не ја поддржуваат политика на бојот која СДСМ ја води по изборите. Европратеничката Тања Фајон за Канал 5 вели дека изборите во Македонија биле фер и демократски. Фајон алармира дека многу е важно што поскоро да се формира новата влада за Македонија да продолжи со обврските кои ги има. Идентично како и  мисијата на ОБСЕ и ОДИХР, европратеничката  нема дилеми дека  граѓаните јасно избрале кој треба  биде новиот мандатар.
– Јасно е дека партијата на Никола Груевски е победник на изборите. Со внимание го следиме составувањето на владата. Се плашиме дека ситуацијата се комплицира, се надевам дека коалицијата ќе биде направена што побрзо оти политичката нестабилност во државата ќе го забави решавањето на името, европската интеграција како и  економските и  социјални политики – вели Фајон.

Проблемите кои ги има СДСМ, словенечката европратеничка бара да се решаваат преку дијалог.

– Задоволна сум што изборите биле фер и чесни тоа е битно за кредибилитетот на државата. Секој бојкот кога станува збор за стабилноста на државата, значи дека нема дијалог, јас сум за таа страна која се залагаат за дијалог. Само со разговор работите можат да тргнат напред. Кога има бојкот тоа значи дека нема работите да одат напред – вели Фајон.

Дека проблемите треба да се решаваат со дијалог смета и портпаролот на еврокомесарот, Штефaн Филе. Питер Стано за порталот Фактор.мк вели Брисел претпочита ангажман, а не повлекување.

-Ние сме свесни дека главната опозициска партија е разочарана со изборниот процес и не ги признава резултатите. Ова е несреќна ситуација. Ние претпочитаме ангажман, а не повлекување. Ние ќе продолжиме да ги поттикнуваме политичките лидери да се ангажираат во конструктивен дух за решавање на актуелните прашања – вели Стано.

Политика на бојкот не ја прифаќаат голем дел странски политичари. Секојдневно алармираат дека политика на СДМС може да донесе голема штета на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top