Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во своето обраќање истакна дека Македонија денес е побезбедна земја, за што говори резултатот од несебичното залагање.
– Довербата тешко се стекнува, но лесно се губи. Од сите нас зависи како ќе гледаат граѓаните на униформата и на институцијата која ја претставуваме. Не смееме да дозволиме ни најмал сомнеж во храброста, искреноста и чеснота што ве красат секој поединечно. Мора и во иднина секој од нас да го дава својот максимум во служба на граѓаните – им порача на припадниците и вработени во МВР, Јанкулоска.
Најголемото признаните за сработеното, смета Јанкулска, е токму тоа од граѓаните кои, согласно истражувањето потврдува дека секоја година се зголемува довербата во полицијата.
-Истражувањето кое минатиот август го презентираше Македонскиот центар за меѓународна соработка, само ги потврди истражувањата на ОБСЕ и на други организации кои се бават со испитување на јавното мислење. Истражувањето потврди дека од година во година се зголемува довербата во полицијата. Во бројки, над 65 отсто од граѓаните се изјасниле дека и веруваат на полицијата – потенцираше министерката за внатрешни работи.
Јанкулоска посочи дека лани МВР бележи пад на кривичните дела од областа на насилниот криминал, така од минатиот 7.мај до денес има само 21 убиство или околу 1 убиство на 100 илјади жители, што е, потенцира, една од најниските стапки во Европа. Во надолна линија се и кривичните дела како што се изнуди, грабнувања и уцени, но и нарушувањата на јавниот ред и мир.
Според Јанкулоска, ефектот од ангажманот на припадниците на МВР за претседателските и парламентарните избори, е најмирни и најдемократски избори досега.
Во рамки на денот на полицијата беше положено цвеќе пред споменикот на паднатите припадници на МВР, а се организираше и крводарителска акција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
И Гордана Јанкулоска го осудува бегството на Груевски
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје