| четврток, 6 декември 2018 |

ИН МЕМОРИАМ: Човекот што живееше од музиката и за музиката

Војо Стојановски (1949-2014)

Во­јо Сто­ја­нов­ски е пр­во­то ма­шко де­те во се­мејс­тво­то на Дра­ге и на Ол­га, по пет­те де­вој­чи­ња, кои се ро­ди­ле во ки­чев­ско­то се­ло Бу­кој­ча­ни. По Во­јо се ро­ди­ле уште две ма­шки де­чи­ња.

– Јас ка­ко пр­во ма­шко му бев сла­бост на та­тко ми –  во еден разговор се при­се­туваше на дет­ски­те го­ди­ни пе­ја­чот Во­јо Сто­ја­нов­ски .

– Ста­ри­от мој пе­е­ше мно­гу уба­во и јас ка­ко де­те му се вос­хи­ту­вав. Ќе ме сед­не­ше во ску­тот и ќе ми пе­е­ше ста­ри на­род­ни пес­ни. И чич­ко ми, исто та­ка, има­ше убав глас. Ко­га ќе за­пе­е­ја за­ед­но, бе­ше ми­ли­на да ги слу­шаш – ве­леше Во­јо.

Ко­га трг­нал во учи­ли­ште, се­стри­те го во­де­ле да пее по при­ред­би. Пе­ел и по сел­ски­те сла­ви, а и по па­тот, до­де­ка со дру­ги­те сел­ски де­ца оде­ле пеш до учи­ли­ште­то во За­јас, ка­де што уче­ле мно­гу по­ве­ќе Ма­ке­дон­чи­ња од Ал­бан­чи­ња. Ка­ко сред­но­шко­лец во Ки­че­во поч­нал актив­но да чле­ну­ва во КУД  „Ни­ко Пу­со­ски’’ ка­ко игра­о­рец, со­лист, а ко­га ќе има­ло по­тре­ба сви­рел и на ду­вач­ки ин­стру­мен­ти. Со друш­тво­то учес­тву­вал на мно­гу ма­ни­фе­ста­ции, ху­ма­ни­тар­ни кон­цер­ти и фолк­лор­ни фе­сти­ва­ли. По за­вр­шу­ва­ње­то на сред­но­то учи­ли­ште поч­нал да ра­бо­ти во руд­ни­кот „Тај­ми­ште“. Во 1975 го­ди­на учес­тву­вал на ед­на тра­ди­ци­о­нал­на ма­ни­фе­ста­ци­ја „Из­би­ра­ме нај­до­бар ра­бот­ник – пе­јач“, ко­ја се одр­жу­ва­ла во Про­би­штип. Ја ис­пе­ал пес­на­та „Мо­ри абер дој­де Ај­ше ле мо­ри“. Во ко­ми­си­ја­та би­ле поз­на­ти­от гај­да­џи­ја Пе­це Ата­на­сов­ски, Јон­че Хри­стов­ски и Ма­те Гру­јо­ски. Во­јо го осво­ил пр­во­то ме­сто и чле­но­ви­те на ко­ми­си­ја­та го убе­ду­ва­ле да поч­не про­фе­си­о­нал­но да се за­ни­ма­ва со му­зи­ка. На­ју­по­рен во тоа убе­ду­ва­ње бил гај­да­џи­ја­та Пе­це. Ка­ко што ве­ли Во­јо, тоа би­ло пре­суд­но тој да поч­не по­се­ри­оз­но да се за­ни­ма­ва со пе­е­ње. На­бр­гу по­тоа поч­нал да сни­ма за то­гаш­на­та РТС, пр­ви­те че­ти­ри пес­ни што ги сни­мил би­ле: „Сто­ја­не мо­ре Сто­ја­не“, „Ако си се Сев­де на­у­чи­ла“, „Лу­до се спре­ма на гур­бет да оди“ и „Се со­бра­ле ко­ми­ти­те“.

Ма­те Гру­јо­ски по­сто­ја­но ин­си­сти­рал Сто­ја­нов­ски да до­не­се пес­ни од не­го­ви­от крај, кои ни­кој друг ги не­ма ис­пе­а­но, и да ги сни­ма. Па, та­ка Во­јо ги от­пе­ал и ги сни­мил след­ни­ве пес­ни: „Де­не­ска ми е са­бо­та“, „По­ги­нал Сто­јан, за­ги­нал“, „Ко­ња во­дам Ан­ѓе“, „Зо­ра­та се за­зо­ри“, „За­гр­мел Го­љак, зап­ла­кал“ (пес­на за про­чу­е­ни­от Ар­со вој­во­да).

Vojo-Stojanovski-2

По де­се­ти­на го­ди­ни пе­е­ње, Во­јо ста­нал мош­не по­пу­ла­рен и за не­го го­ле­мо ин­те­ре­си­ра­ње про­ја­ви­ла ма­ке­дон­ска­та ди­јас­по­ра. Во 1985 го­ди­на Во­јо прв­пат за­ми­нал на тур­не­ја во Ав­стра­ли­ја со гру­па­та „Стру­шки би­се­ри“ и со не­кол­ку дру­ги пе­ја­чи. Не­го­во­то го­сту­ва­ње пре­диз­ви­ка­ло го­лем пуб­ли­ци­тет во ме­ди­у­ми­те.

– Не мо­жев да ве­ру­вам што ми се слу­чу­ва. Са­ли­те беа пре­пол­ни со пуб­ли­ка. Не­мав кон­церт на кој не при­сус­тву­ваа нај­мал­ку 4.000 по­се­ти­те­ли, а  за тоа при­до­не­су­ва­ше и мо­јот ре­пер­то­ар со па­три­от­ски и со пе­чал­бар­ски пес­ни. Бе­ше не­ви­де­на еу­фо­ри­ја. Тр­чаа по ме­не ка­ко по Ел­вис Прис­ли. За да се спа­сам од обо­жа­ва­те­ли­те се­кој втор ден мо­рав да го ме­ну­вам хо­те­лот за пре­стој  – со гор­дост и со но­стал­ги­ја во една пригода се при­се­тувал Во­јо на ста­ри­те до­бри вре­ми­ња.

 Во тие го­ди­ни Во­јо најм­но­гу со­ра­бо­ту­вал со пе­ја­чот Мир­ко Ми­трев­ски за ко­го има кажано де­ка, исто та­ка, бил ва­жен за раз­во­јот на не­го­ва­та му­зич­ка ка­ри­е­ра. Тој има сни­мено по­ве­ќе од 300 пес­ни. Не­кои од нив му се ис­пе­а­ни во ду­ет, а за пе­е­ње­то во ду­ет сме­тал де­ка  најб­ли­зок му е гла­сот на пе­јач­ка­та Ви­дан­ка Ѓе­ор­ги­ев­ска. И ток­му за­тоа најм­но­гу ду­е­ти ис­пе­ал со Ви­дан­ка.

– Во­јо го по­чи­ту­вам иск­лу­чи­тел­но и ка­ко пе­јач и ка­ко чо­век. Во го­ди­ни­те на­на­зад сме има­ле бес­пре­кор­на со­ра­бо­тка. За­ед­но сме ис­пе­а­ле мно­гу пес­ни и ко­га во ид­ни­на би сни­ма­ла не­ко­ја пес­на во ду­ет, тоа би би­ло са­мо со Во­јо. Гла­со­ви­те ни се сов­па­ѓа­а, а и во ду­ша­та и двај­ца­та сме го­ле­ми па­три­о­ти . Од по­ве­ќе­то пес­ни што сме ги от­пе­а­ле би ги изд­во­и­ла: „Јо­ва­не мо­ре Јо­ва­не“ и „Се­ку­ли­це мла­да не­ве­сто“ – изјавила Ви­дан­ка во една пригода.

На Ва­лан­дов­ски­от фе­сти­вал прв­пат учес­тву­вал во 1986 го­ди­на, со пес­на од поз­на­ти­от кла­ри­не­тист Дра­ги Ми­тев. Ко­га не­кој ќе му по­ну­дел пес­на што тре­ба да ја от­пее, по­себ­но му би­ло важ­но да му се до­пад­не тек­стот. Низ го­ди­ни­те имал од­лич­на со­ра­бо­тка со Рад­ми­ла Ми­тро­виќ , ко­ја му ја на­пи­ша­ла пес­на­та „Свад­ба е го­ле­ма“, а му­зи­ка­та и аранж­ма­нот се на неј­зи­ни­от со­пруг Ни­ко­ла Ми­тро­виќ. По­тоа тие се и авто­ри на пес­ни­те: „Свад­ба ру­ме­ли­ска“ и „Среќ­на ти мај­ко сла­ва“.

Исто та­ка, Рад­ми­ла Ми­тро­виќ го на­пи­ша­ла тек­стот за пес­на­та „Кај се мај­ко тво­и­те че­да“, а аранж­ма­нот на оваа пес­на е на Ил­че Јо­ва­нов. Ко­га поч­нал да пее и но­во­ком­по­ни­ра­ни пес­ни имал од­лич­на со­ра­бо­тка и со авто­ри­те Бор­че Не­чо­ски, Ор­це За­фи­ров­ски и Ог­нен Не­дел­ков­ски, кој е автор на пес­на­та „Мо­ја  Ка­ли­на“. Ри­сто Кра­пов­ски, пак, му ја на­пи­шал пес­на­та „Ти до­не­сов мла­да не­ве­ста“, а од не­кол­ку­те пес­ни што му ги на­пи­шал Ан­ге­ле Ни­не­ски, Во­јо со за­до­волс­тво ја пеел „Пос­лед­на про­лет ер­ген­ска“. Исто та­ка, из­во­нред­на пес­на е и „Су­во­до­ли­ца“ на текст од Ван­чо Та­ра­бу­нов, аранж­ман и му­зи­ка на Ми­лан За­вков. Со Ми­лан За­вков во 1992 го­ди­на учес­тву­ва­ле на фе­сти­ва­лот во Кан­бе­ра – Ав­стра­ли­ја, ка­де што со пес­на­та „Не­ма дру­га Ма­ке­до­ни­ја“ го осво­и­ле пр­во­то ме­сто.

На не­кои пес­ни што ги пеел, Во­јо сам си го пи­шу­вал тек­стот. Од нив по­поз­на­ти се: „До ка­де има сој ма­ке­дон­ски“, аранж­ма­нот и му­зи­ка­та се на Ми­лан За­вков. По­тоа „Дој­де ден да се спло­ти­ме“ и „Ед­на мис­ла има­ме“, ко­ја ја на­пи­шал на ед­на тур­не­ја во Ав­стра­ли­ја.

Vojo-Stojanovski-3

Војо Стојановски и Тоше Проески

Во сво­ја­та 40-го­диш­на ка­ри­е­ра Во­јо Сто­ја­нов­ски има ре­а­ли­зи­ра­но 35 тур­неи во Ав­стра­ли­ја, 20 во Аме­ри­ка и во Ка­на­да и сто­ти­на па­ти бил низ европ­ски­те зем­ји. Во осум­де­сет­ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век сни­мил ед­на пло­ча за „Ју­го­тон“ од За­греб и че­ти­ри ка­се­ти за „Ју­го­диск“ од Бел­град. Во Бел­град, ме­ѓу дру­ги­те пес­ни што ги сни­мил, би­ле и „Јас сум чи­сто Ма­ке­дон­че“ и  пес­на­та за убис­тво­то на  кра­лот Але­ксан­дар Ка­ра­ѓор­ѓе­виќ во Мар­сеј. Ср­би­те му ја сни­ми­ле пес­на­та, а во то­гаш­на­та РТС би­ла за­бра­не­та да се пу­шта на про­гра­ма.

Во­јо жи­вееше од му­зи­ка­та и за му­зи­ка­та. Во 1998 го­ди­на вле­зе и во по­ли­ти­ка­та ка­ко пра­те­ник во Со­бра­ни­е­то. Но, велеше де­ка не се про­на­шол во по­ли­ти­ка­та и де­ка тоа го на­пра­вил на ин­си­сти­ра­ње на дру­ги лу­ѓе.

– Јас му­зи­ка­та ја но­сам во ду­ша­та – ве­леше Во­јо.

Соз­да­ваше му­зи­ка и мно­гу му беше дра­го што тоа во последните години го пра­веше за­ед­но со сво­и­те вну­ци од се­стра, Вла­тко и Зла­тко. Вла­тко пее, а Зла­тко е еден од нај­до­бри­те хар­мо­ни­ка­ши, а, исто та­ка, пи­шу­ва тек­сто­ви и аран­жи­ра. Но, се­пак, Во­јо ви­стин­ски­от нас­лед­ник го гле­даше во сво­јот син Дам­јан, кој учи со­ло-пе­е­ње во му­зич­ко­то учи­ли­ште. Дам­јан знае да сви­ри на по­ве­ќе ин­стру­мен­ти и прем­но­гу ја са­ка ма­ке­дон­ска­та на­род­на пес­на.

Во­јо со сво­е­то се­мејс­тво со го­ле­мо за­до­волс­тво мно­гу че­сто на­вра­ќаше во сво­е­то род­но Бу­кој­ча­ни, на сво­и­те ко­ре­ни, во сво­ја­та род­на ку­ќа. Но, од ср­це жа­леше што ко­га ќе стиг­не та­му ја не­ма топ­ла­та мај­чин­ска пре­гра­тка и пре­крас­ни­от глас на та­тко му. Не­го­во­то род­но се­ло му беше по­себ­на инс­пи­ра­ци­ја и се­га ги пи­шу­ваше нај­у­ба­ви­те сти­хо­ви за сво­и­те пес­ни, кои ѝ ги по­да­ри на сво­ја­та вер­на пуб­ли­ка.

Пишува: Тони Стојковски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top