Aмериканскиот потпретседат Џо Бајден им порача на граѓаните дека луѓето кои се загрижени за лична заштита едноставно треба да си купат -пушка. Всушност посочува дека на американците не им треба полу-автоматско оружје како AR-15 за да се заштитат себе или имотот.
Бајден вели дека има две пушка заклучени во кабинет во неговиот дом во Делавер.
“Живееме во област која е осамена”, вели Бајден. “Реков, Џил (сопругата), ако некогаш има проблем само ќе излеземе на балконот, и пукај од двоцевка. Не ви треба AR-15, потешко се нишани, потешко се користи и не ви требаат 30 круга за да се заштитите”, додава Бајден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


