| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку факти за градникот кои не сте ги знаеле

градник
Целта на градникот, освен естетска, е и да ги поддржува вашите гради и да спречи да се опуштат под дејство на земјината гравитација. На некој начин, градникот е најдобар пријател на вашите гради.

Меѓутоа, многу жени не ја сфаќаат сериозно намената на градникот, па токму затоа, дури осум од десет жени носат погрешна големина. Поради тоа, се губи и целата смисла на носењето градник. Еве неколку факти за градниците кои веројатно не сте ги знаеле.

Големината може да варира во зависност од производителот – После пробувањето на различни градници, ќе сфатите дека кај еден производител носите 80B додека кај друг 75C. Големината на корпата не е стандардизирана, па од производител до производител може да се разликува. Затоа стручните лица препорачуваат да пробате повеќе градници за да утврдите кој ви е најудобен и кој им нуди најдобра поддршка на вашите гради.

Прерамките не се тие кои треба да ги придржуваат вашите гради – Многу жени сметаат дека прерамките се тие кои ги придржуваат градите, но всушност заслужна за таа работа е траката која се закопчува на грбот. Поголемиот дел од жените имаат подобро држење на телото ако носат градник со одговарачка големина, бидејќи ако задниот дел е премногу лабав, тежината на градите ќе се префрли на прерамките а на тој начин држењето на телото се влошува. Добар тест за ова е да го закопчате градникот и да ги тргнете прерамките. Ако тој и понатаму стои цврсто, тогаш тоа е вистинската големина за вас.

Градникот со жица не предизвикува рак – Веќе некое време кружи дезинформација дека градниците со жица го зголемуваат ризикот да се добие рак на дојка. Во овој мит многу жени поверуваа бидејќи наводно жицата при носење ги притиска градите и лимфните жлезди, кои поради тоа не функционираат како што треба, па токму тоа би можело да се предизвика појава на тумор. Меѓутоа, лекарите ја негираа оваа теорија бидејќи не постои научен доказ за точноста на самото тврдење.

Сосема е во ред да спиете со градник – Ако ви е поудобно да спиете со стегнати гради, тогаш слободно може да спиете со градник. Особено ако имате големи гради, тогаш ова е дури и препорачливо да се практикува. Лекарите и пластичните хирурзи сметаат дека градникот може да го намали опуштањето на градите кај жените кои носат поголема корпа. Само внимавајте градникот да ви биде удобен и да не ви биде тесен, бидејќи може да ви направи подливи и плускавци.

Големината на вашиот градник се менува низ годините – Вашето тело низ годините се менува, а со тоа се менува и големината на вашиот градник. Стручните лица тврдат дека големината на градникот може да се промени од три со шест пати годишно. Бројни фактори влијаат на овие промени, а меѓу нив се промените на тежината, лекарствата, хормоните и менструалниот циклус. На жените кои се во менопауза може дури и за два броја да им се зголемат градите.

Градникот има свој рок на траење – Дури и на вашиот градник му е потребен одмор. Експертите велат дека не би требало да носиме ист градник два дена по ред бидејќи на еластинот кој најчесто градниците го поседуваат му е потребен еден ден за да се врати во првобитната состојба. Така и вашиот градник ќе трае подолго бидејќи нема премногу брзо да се растегне. Исто така, се препорачува градниците да се перат во ладна вода. Градникот секако не може да трае вечно, па би требало секогаш да имате барем три градници кои ќе ги ротирате во носењето, а секој од нив може максимално да трае година до година ипол од кога ќе почнете да го носите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top