| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Чешиново-Облешево доби аптека

zegin

 Во населеното место Облешево во општина Чешино-Облешево, започна со работа аптека која е една од 73-те аптеки кои добија лиценца за аптека во рурална средина.

– Аптеката е од особена важност за жителите на општината. Ова е значаен дел од Владиниот проект за засилување на фармацевстката мрежа на територијата на Македонија, со акцент на руралните средини. Руралниот доктор и руралните аптеки се проекти во кои се опфатени и жителите од општина Чешиново-Облешево – истакна Костадин Личков, градоначалник на општината.

Новата аптека е на компанијата Зегин и ќе опслужува над 3.000 жители од Облешево и уште десетина населени места кои гравитираат кон овој општински центар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top