Два големи концерти се најавени за овој јуни во Скопје. Едниот кој конечно на едно место во Македонија ќе ги собере сите финалисти на балканското шоу „Икс-фактор“, а другиот на еден од менторите и дел од жирито, Жељко Јоксимовиќ.
Од денес пуштени се влезниците за првиот концерт, кој ќе се одржи на 7 јуни, а од четврток ќе може да си купат влезници и за вториот концерт закажан за 21 истиот месец.
За концертот на ѕвездите од „Икс-фактор“ во арената „Борис Трајковски“, најниската влезница изнесува 350 денари за партер, 400 денари чинат оние за трибините, 700 за зоната на најголемите фанови и ограничениот број ВИП влезници, кои ќе се продаваат по цена од 1.000 денари.
Со оглед на тоа што Јоксимовиќ влегува во тешка мисија на полнење на Националната арена „Филип Втори“, мисија што досега само Тоше ја постигнал, картите за неговиот концерт се и со малку попристапна цена.
200 денари се доволни за оние кои концертот сакаат да го следат од трибините, а само 50 денари повеќе за оние кои ќе се одлучат за партерот. За оние кои сакаат да влезат во фан-питот, влезниците се ограничени и чинат 400 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.