Вчера попладне околу 18.15 часот на ул. „Косовска“ во Штип во дворот од куќата на Ѓ.Д.(19), каде што се наоѓале лицата М.Д.(17), М.М.(39) и М.Ј.(35), пристигнале неколку патнички возила.
Од нив излегле поголема група лица кои физички ги нападнале со дрвени и метални предмети удирајќи ги по телата и по главите, при што им нанеле повреди.
На повредените им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Штип, каде што им се констатирани телесни повреди и се пуштени на домашно лекување.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.