Иако постојат контроверзии околу начинот на кој е извршена пресметката, сепак повеќе американски медиуми најавија дека е можно Кина да ги престигне САД и да стане најголемата економија во светот уште во текот на оваа година. Повеќето анализи укажуваа дека Кина ќе ги надмине САД како најголема светска економија на почетокот на следната деценија, но новите извештаи базирани врз анализа на Светската банка, која ја зела предвид и куповната моќ на кинеската валута јуанот, обемот на кинеската економија веќе е израмнет со американскиот, а во текот на годинава ќе го надмине.
Се очекува дека во текот на годинава кинеската економија да се зголеми за 7,5 проценти, што е трипати повеќе од американската. Пред двете големи економски кризи што ги зафатија САД и Европската унија, кинеската економија знаеше да расне и пеку 10 проценти годишно, а во изминатите неколку години стапката на раст се движи околу седум или осум проценти годишно.
Номиналниот домашен бруто-производ на Кина се проценува на над девет милијарди долари и во изминатата декада земјата постепно ги претекнуваше најголемите европски држави, вклучително и Германија, за да се искачи над Јапонија во 2009 година, со што стана втората најголема економија во светот.
Со преку една милијарда граѓани и огромен простор за урбанизација, индустријализација и натамошен пораст, американските стручњаци сметаат дека порастот над кинеската економија над нивото на американската е само прашање на време.
Домашниот бруто-производ на американските 320 милиони граѓани изнесува речиси 17 милијарди долари. Двете земји се соочуваат со новоотворени безбедносни прашања, по американската најава за распоредување на поголем дел од нејзината воена моќ во Пацификот и спорот за суверенитетот на островите меѓу Кина и американскиот сојузник Јапонија.
САД и Кина имаат трговска размена од половина милијарди долари годишно, при што Кина има огромен суфицит од 350 милијарди долари, а во исто време, кинеската благајна држи околу 1,2 билиони од американскиот долг, кој изнесува 17,5 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кина најпосакувана туристичка дестинација во наредното десетлетие
-
Владата ја испрати ќерка му на Таки Фити како претставник на Македонија во Светска банка
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании


