Сообраќајот на патниот правец Радовиш – Конче поради лизгање на земјиштето се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информира АМСМ. На овој патен правец е воведена и забрана за движење на тешки товарни возила.
Сообраќајот на сите други државни патишта во Македонија утрово се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Сè уште трае забраната за товарни моторни возила и автобуси на патниот правец Кратово – Пробиштип, на околу 100 метри за излез од Кратово, додека сообраќајот за патнички моторни возила се одвива наизменично.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде што е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


