Утрешниот пролетен празник кога се слави природата и будењето на животот воопшто повторно највесело ќе биде дочекан во Шутка. Денот на светиот великомаченик Ѓорѓија, Ѓурѓовден, или како што го викаат Ромите – Едерлези, таму ќе се слави со денови, а подготовките за гозба и веселба веќе започнаа.
Денеска на сточниот пазар вриеше од млади јагниња, кои утре ќе станат вкусно печење. 6 мај ќе се слави со јагнешко и музика.
Според традицијата, денеска се оди на „џафте корзо” до Капиштец, каде во црквата „Свети Јован” се палат свеќи за здравје.
Најсвечено ќе биде утре, на првиот ден од Ѓурѓовден. Портите од рано изутрина ширум ќе бидат отворени. Со музика, првото утринско кафе и слатко, со најблиските и комшиите се празнува. На трпезата освен јагнешко печење, ќе има сарма со лозов лист и традиционалниот специјалитет кајмачина, тулумби и кадаиф. Попладне се пречекуваат гости.
Фото: Ѓорѓи Личовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.