Пејачката Бритни Спирс на снимање на видеоспотот за песната „Work Bitch“ ненамерно ja удрила танчарката, но таа одлучи да ја тужи Бритни за непозната милионска сума бидејќи ѝ го скршила носот.
– Свесна сум дека Бритни Спирс не ме повреди намерно, но можеше да биде покоректна и да ми ги плати трошоците за лекување – изјави танчарката Даун Ноел (30).
Оваа танчерка се пожали дека пејачката за време на снимањето на спотот „Work Bitch“ во жарот на танцот ја погодила со тупаница во глава и ѝ го скршила носот. Даун ќе ја тужи Бритни Спирс (32) за непозната милионска сума затоа што музичарката ја „сместила“ во болница на една недела.
– Бев со отоци од нејзиниот удар и плачев во болки, а таа разгалена и вообразена дива не се удостои ни да ме побара и да ме праша дали сум добро – рече Даун.
Бритни со тоа многу ја разочарала, а кога слушнала дека пејачката не планира да ги плати лекарските трошоци, одлучила да ја тужи.
– Таа е скржава милијардерка, која не се грижи за луѓето. Паднав откако ме удри со раката, а таа на нејзиниот тим ладнокрвно им рече да ме изнесат и да продолжат со снимањето на спотот – ја опиша ситуацијата Даун.
Добитничката на „Греми“ сѐ уште не ја коментираше тужбата ниту инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.