| четврток, 6 декември 2018 |

Во првите три месеци извозот се зголемил за 17 отсто

гузва
Во првите три месеци од годинава извозот на стоки од Македонија изнесува 1.11 милијарди долари,  а увозот 1.69 милијарди американски долари. Извозот во однос на првиот квартал од минатата година бележи зголемување од 17, а увозот 13 отсто. Како што објави Државниот завод за статистика, покриеноста на увозот со извоз е 65,6 проценти, а трговскиот дефицит изнесува 584 милиони долари.

Македонија најмногу извезува катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, производи од железо и челик (валани производи) и облеката, а увезува платина и легури на платина, необработени или во прав, електрична енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Од вкупно извезените стоки, 80,1 проценти завршиле во ЕУ, а 12,4 проценти во земјите од западен Балкан. Најмногу или 63,2 проценти се увезувало од ЕУ.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија. Со овие земји се врши 52,1 отсто од вкупната надворешно-трговска размена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top