Освен фудбалот постои уште еден јазик, кој ги преминува сите граници а тоа е музиката. Би можело да се каже дека нејзината сила е по обединувачка дури и од големата игра. На секој од нас му се случило да слушне некој да каже “Јас не пратам фудбал” но дали некогаш сте го слушнале истото и за музиката? Ако направиме некоја комбинацијата од двете – ќе ги добиете најпознатите светски музичари и нивната страст кон фудбалот.
Брајан Џонсон /AC/DC/ – Њукасл Јунајтед
Фронтменот на AC/DC е со целото срце за “црно-белите” уште од дете. Никогаш не ја криел својата љубов за Њукасл. Клубот беше и причината да се согласи да учествува во една мала улога во филмот “Goal”, носејќи шал од својот омилен клуб.
Хулио Иглесијас – Реал Мадрид
Малку е познат фактот дека шпанскиот пејач своевремено бил и голман на младинскиот состав на Реал Мадрид. Син му, Енрике со кого никогаш немал близок однос е фан на вечниот ривал на “кралевите”, Барселона.
Род Стјуард – Селтик
Англискиот пејач, роден и израснат во северен Лондон, го наследи шкотското срце од татко му. Оттаму и доаѓа големата страст кон Селтик. Стјуард не пропушта можност да им се придруи на детелините на нивните гостувања. А на своите концерти има под рака неколку зелени фудбалски топки кои ги разделува на публиката.
Џо Елиот /Деф Лепард/ – Шефилд Јунајтед
Вокалистот на легендарните Деф Лепард е закоравен фан на Шефилд Јунајтед, за разлика од неговиот добар пријател и колега Рик Севиџ, кој навива за градскиот ривал Шефилд Венздеј.
Роби Вилијамс – Порт Вејл
Еден од најуспешнити соло изведувачи е верен фан на фудбалскиот клуб од неговиот роден град. Мајка му имала свој бар во близина на стадионот. Како дете Роби, како и поголемиот дел од фудбалерите поминувале доста време таму. Играчите од тогаш третолигашот Порт Вејл често му давале билети за натпреварите а Вилијамс бил толку воодишевен од тоа што подршката за овој клуб не згаснува ни денес. Тој е горд сопственик на дел од акциите на клубот.
Браќата Галагер /Оејзис/ – Манчестер Сити
И покрај нетрпеливост помеѓу нив двајцата во последните неколку години, браќата Ноел и Лиам се уште ја споделуваат големата своја љубов кон Сити. Пред да дојде до нивното разединување во 1996. година, Оејзис прават грандиозен концерт на поранешниот стадион на Сити, “Мејн Роуд”.
Стив Џоунс/Секс пистолс/ – Челси
Определувајќи се себе си како “син до сршта на коските”, гитаристот на Секс Пистолс не пропушти прилика да ги проследи натпреварите на Челси, кога се наоѓа во Лондон. Во текот на 2006 и 2007 година беше заедно со екипата во нивнот летен камп.
Крис де Бург – Ливeрпул
Изведувачот на “Lady in Red” го помина деството патувајќи на релација Аргентина, Малта, Нигерија и Заир. Но сепак тоа не го спречи засекогаш да му остане верен на Ливерпул. Со таквата љубов се заразил уште како дете и е еден од честите гости на “Енфилд”.
Фетбој Слим – Брајтон
Известниот DJ Норман Кук е сопственик на 12 % од Брајтон.
Елтон Џон – Ватфорд
Не е само голем фан туку и на два пати беше сопственик на клубот. Откако го продаде во 1987. година, повторно го купи десет години покасно, додека конечно не се откажа од него 2002. година. Често може да биде виден на “Викериџ Роуд” и никогаш до сега не откажал да му помогне финансиски на клубот, кога тоа му било неопходно.
Саjмoн ле Бон /Дјуран Дјуран/ – Манчестер Јунајтед
Без разлика на тоа што вокалистот на Дјуран Дјуран е роден во Бирмингем, тој никогаш не ги криел своите симпатии кон “Црвените Ѓаволи”.
Стив Харис /Ајрон Мејден/ – Вест Хем
Играл за Вест Хем кога бил ученик, басистот на Мејден и му останал верен на својот клуб до крај. Амблемот на “Чекичарите” се наоѓа на неговата бас гитара на секој негов концерт.
Робeрт Плант /Лед Зепелин/ – Вулверхемптон
Можеби малку од рок фановите знаат за големата љубов на Плант кон “волците”. Тој тврди дека е верен фан на клубот уште од пет години. Во текот на летото 2009. година стана третопт потпретседател на клубот.
Извор: klizac.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.