Утврден е идентитетот на загинатите во сообраќајната несреќа на патот Битола – Прилеп. Се работи за тројцата патници што биле во патничкото возило „ФИАТ“ – битолчаните Д.И, (38) и Б. Р. (24), И Г.Ф. (20 ) од Прилеп. На местото на несреќата загинале и З.А. (17) и А.Н. (19) од селото Алданци – Крушевско, кои биле во патничкото возило „фолксваген голф“, а од „голфот“ со тешки телесни повреди во клиничката болница се наоѓаат А.Х. (21) и М.Ј. (18).
Две патнички возила, „ФИАТ тофас“ со скопски регистарски таблички и „фолксваген голф“ со битолски таблички, се судрија синоќа. Двајца со тешки телесни повреди се пренесени во клиничката болница во Битола, каде што се наоѓаат на лекување во одделението за интензивна нега и реанимација.
Според информација на а СВР Битола обдукцијата на трагично загинатите во ова страотна сообраќајка несреќа не е завршена и сѐ уште не се познати причините како дошло до несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.