По неколкугодишна пауза, „Алиталија“ повторно ќе лета од и за Скопје. Утре официјално стартува директната авионска линија Скопје – Рим, од главните аеродроми на двата градови „Фијумичино“ и „Александар Велики“.
Летовите ќе се одвиваат со авиони „ембраер Е-175“.
Во мај ќе има редуциран распоред со 30 повратни лета Рим – Скопје – Рим, а од јуни целосен распоред со секојдневно летање.
Цената на билетот за Рим е 99 евра, а за која било дестинација во Европа со „Алиталија“ цената на авиобилетите е до 199 евра.
„„ВАС туроператор” од Скопје е генерален агент за територијата на Македонија на „Алиталија“ , кој ќе нуди информации, резервации и авиобилети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владата ќе објави трет повик за нускобуџетните авиокомпании, но со олеснети критериуми
-
Откажани летовите од Германија за Македонија, голем штрајк во Германија
-
Кога си роден под среќна ѕвезда: Може да летам со ваучер стар 19 години? Може, нема проблем
-
Поради снежното невреме откажани се голем број летови низ Европа