Се очекува претседателот Владимир Путин законот да го потпише без задржување.
Забраната се однесува на јавни места како што се барови, ресторани, хотели, болници, стадиони и железнички станици. Таа ќе стапи во сила на 1 јуни, иако некои од објектите може ќе добијат период од една година за полесно прифаќање на промената.
Законот забранува и пушење во филмови и театарски претстави, освен ако тоа не може да се избегне поради уметнички причини. Излозите на продавниците треба да бидат испразнети од средства за пушење, а рекламите за цигари да бидат тргнати од билбордите.
За индивидуално кршење на забраната се предвидува казна од 125 евра, а за компании казни до 4 илјади евра.
Предвидено е зголемување и на акцизата на тутунските производи, како и на малопродажните цени на цигарите, кои моментално во Русија се движат околу 1 евро.
Русија е една од земјите во светот со најголем број пушачи, околу 44 милиони. Според податоците на руското Министерство за здравство, една третина од населението во Русија се пушачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.