Многумина пред сексот конзумираат алкохол, но премногу алкохол е еднакво на помала возбуда. Сепак алкохолот лошо влијае на сексот, а ова се осум начини како може да го расипе.
1. Поттикнува лошо расположение
Иако се чини дека сакаш да танцуваш до доцна во ноќта и имаш чувство кое те тера да ги гушкаш сите околу тебе, алкохолот во суштина делува крајно депресивно.
Ако сте мрзоволни, тешко ќе се расположите за некаква сексуална активност.
2. Ја намалува сексуалната желба
Како што веќе предупредивме, повеќе алкохол значи помалку возбуда. Можеби по две чашки имате подобар впечаток за личноста која претходно и не ви била така симпатична.
Но, сепак ова е само после втората, а после секоја следна имате чувство дека сакате само да одите на спиење.
3. “Суша” пред секс
Ништо не влијае полошo на расположението од тоа да не можете редовно да ги извршувате вашите “обврски”.
Алкохолот токму тоа и го прави, бидејќи ја уништува комуникацијата помеѓу мозокот и остатокот од телото.
Но ова не важи само за посилниот пол, истите проблеми ги имаат и девојките кога се обидуваат да имаат незаборавен секс во алкохолизирана состојба и наидуваат на “суша”.
4. Потешко е да доживеете оргазам
Со оглед на тоа дека алокохолот го отапува осетот, ова може да биде тежок предизвик за доживување на сексуално задоволство.
Се разбира, како за мажите, така и за жените.
5. Незадоволство
Луѓето кои редовно пијат изразуваат поголемо незадоволство за својот сексуален живот, дури и кога на оваа тема зборуваат за своите трезни искуства.
6. Жените се помалку важни
Пијаните жени, според анализите, помалку е веројатно дека ќе иницираат секс. Од друга страна пак, се покажало дека се тие похрабри и посигурни, ако трезни одлучат да тргнат во акција.
7. Помал број на тестостерон
Тестостероните им даваат на мажите здрава ерекција и гориво за нивниот сексуален нагон, а кога пиете тие значително опаѓаат.
8. Нереални очекувања
А од овој проблем се знае, кога ќе се разочарате, се чувствувате ужасно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.