5. САД
САД се втората земја во светот по искористување енергенти, учествува со 25 проценти од светската потрошувачка на нафта, а произведува само шест проценти во светското производство на нафта. Зависноста на земјата од енергентите на другите земји може да се промени во блиска иднина, а тоа ќе се должи на револуционерните нафтени шкрилци и хидраулични расцепкувања.
35 милијарди барели
потврдени нафтени резерви
(11. место во светот)
9.460 милијарди кубни метри
потврдени резерви на природен гас
(5. место во светот)
237 милијарди тони
потврдени резерви јаглен
(1. место во светот)
28.500 милијарди долари
(вредност на енергентите)
4. САУДИСКА АРАБИЈА
Саудиска Арабија има речиси една петтина од светските резерви на нафта, а е на пат да стане најголемиот производител и извозник на нафта. Земјата, исто така, има и огромни резерви на природен гас, кои се прилично неискористени затоа што е фокусирана на нафтата и на зголемувањето на соларната енергија.
265,9 милијарди барели
потврдени нафтени резерви
(2. место во светот)
8.200 милијарди кубни метри
потврдени резерви на природен гас
(6. место во светот)
33.000 милијарди долари
(вредност на енергентите)
3. ВЕНЕЦУЕЛА
Во Венецуела, можеби, има недостиг од електрична енергија и на странски инвестиции, но сигурно има многу резерви на енергенти. Венецуела во моментов е осми најголем извозник на нафта во светот и има најголеми потврдени резерви на нафта. Сепак, за овие резерви да можат да се експлоатираат на земјата ѝ е потребно да ги реши проблемите со странските инвестиции и инфлацијата – прашања што го поткопуваат производството на нафта.
297,6 милијарди барели
потврдени нафтени резерви
(1. место во светот)
5.500 милијарди кубни метри
потврдени резерви на природен гас
(7. место во светот)
479 милиони тони
потврдени резерви јаглен
(15. место во светот)
34.900 милијарди долари
(вредност на енергентите)
2. ИРАН
Иран e втора држава во светот според резерви со природен гас во светот и е на четврто место по резерви на нафта. Санкциите од САД и од ЕУ имаат големо влијание врз енергетскиот сектор спречувајќи странски инвестиции и технологии за експлоатација на резервите на природен гас.
157 милијарди барели
потврдени нафтени резерви
(4. место во светот)
33.600 милијарди кубни метри
потврдени резерви на природен гас
(2. место во светот)
35.000 милијарди долари
(вредност на енергентите)
1. РУСИЈА
Русија моментно е втора земја во светот по производство на природен гас и заостанува само во однос на САД и на Саудиска Арабија во производство на нафта. Силен мотор на економскиот пораст на Русија е токму извозот на енергија со приходи од продажбата на нафта и на гас, кои достигнуваат до 52 проценти од буџетот. Руската енергетска доминација се очекува да продолжи и во следните години. Природниот гас станува сѐ позначаен како енергетски извор, а Русија во моментот е прва по светски резерви на гас.
87 милијарди барели
потврдени нафтени резерви
(8. место во светот)
44.800 милијарди кубни метри
потврдени резерви на природен гас
(1. место во светот)
157.000 милијарди тони
потврдени резерви јаглен
(2. место во светот)
40.700 милијарди долари
(вредност на енергентите)
(Пишува: Ненад Мирчевски
Текст објавен во 86. број на неделникот „Република“, 25.04.2014)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.