– Се работи за стари занаети во изумирање, а тоа се ковачите, грнчарите, лимарите, казанџиите, копчарите, свеќарите, крзнарите, шапкарите, изработувачите на сувенири односно ракотворби, јорганџии, опинчари и саатчии. Независно каде работат, во Струга или во кое било друго населено место во општината, овие занимања се утврдени во групата на дефицитарни занаети и се ослободуваат од плаќање на комунална такса, објаснува Гулицоски.
Одлуката за ослободување комунална такса на занаетчиите од руралните средини била донесена уште пред две години, но на барање на Владата на Република Македонија преку Советот на општина Струга со неа точно се утврдени и таканаречените пасивни места и дефицитарните занаети, а е предвидено и ослободување од надоместокот за електрична енергија во местата каде што нема улично осветлување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.