| четврток, 6 декември 2018 |

Русија забранува „непожелни“ книги за деца

800px-Stamp_of_Russia_2012_No_1654_Lillebror_and_KarlssonРуското Министерство за образование сака да забрани странска литература за деца која е во спротивност со руските вредности. Една од книгите за која е водена дискусија во тој контекст е популарниот детски лик „Карлсон на покривот“ од светски познатата шведска писателка за деца и млади Астрид Линдгрен, автор, меѓу другото, на прочуениот лик Пипи Долгиот Чорап.

Руското Министерство за образование смета дека Карлсон поттикнува на „непосакувани односи меѓу децата и родителите“, кои не се во согласност со рационалните ставови и вреднувања.

LindgrenАстрид Линдгрен е мошне популарна во Русија, а нејзината книга за Карлсон е преведена на руски уште во времето на Советскиот Сојуз. Популарноста била толкава што Карлсон е и на поштенските марки.

Во патриотскиот бран што сега ја заплиснува Русија се бараат руски алтернативи во однос на сето она што се смета штетно странско влијание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top