Административната зграда на градежното претпријатие „Пелагонија“ во Берово наскоро ќе биде преадаптирана во Дом за стари лица. За потребите на Домот се адаптираат десетина простории, а вкупната инвестиција изнесува 140 илјади евра, од кои 80 отсто се донација од хуманитарната организација „Холандија – Македонија“, а 20 отсто се обезбедени од буџетот на општината.
Почетниот капацитет за сместување ќе биде 15 лица кои ќе престојуваат во една еднокреветна и седум двокреветни соби, а ќе се овозможи престој на самци, но и на брачни двојки.
– Во согласност со одредбите на договорот што општина Берово го потпиша со донаторот, во почетокот менаџирањето со Домот за стари лица ќе го водат кадри од локалната самоуправа- изјави градоначалникот Драги Наџински.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


