| четврток, 6 декември 2018 |

111 години од смртта на Гоце Делчев

goce delcev polozuvanje cveke01 (Custom)Денеска Македонија чествува 111 години од смртта на Гоце Делчев. По тој повод, во рамките на Меѓународната манифестација „Гоцеви денови“, закажани се повеќе активности.

На гробот на македонскиот великан во црквата Свети Спас ќе се оддржи Панихида на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, а бројни државни делегации  ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев, меѓу кои владина делегација, како и од делгации на АРМ, МАНУ, Советот на Град Скопје и општина Центар, претставници на политички партии, Институтот за национална историја, СОКОМ, Агенцијата за иселеништво, Матицата на иселеници, Комисијата за верски прашања, Институот за историја од Филозофскиот факултет, Семакедонскиот конгрес и други.

Цвеќе ќе биде положени и пред споменикот на Гоце Делчев на Плоштад Македонија во Скопје, како и на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Денеска во Собранието на Република Македонија свеченото ќе биде доделена и државната награда „Гоце Делчев“. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top