| четврток, 6 декември 2018 |

Павлов е европски шампион

Каратистот на карате клубот Штип Емил Павлов е европски првак. Тој со оваа титула се заќити на ЕП во Тампере Финска. Павлов се натпреварува во катергоријата до 60 килограми и во финалето го совлада данскиот каратист Каспер Лидегард со 6-2 во поени и оствари фантастичен успех.
По патот до финалето македонскиот каратист ги совлада Един Муслиќ од Босна и Херцеговина, Јаник Фаес (Швајцарија), Софијан Агудил (Франција) и во полуфиналната борба убедливо, со 5-0, славеше и против Холанѓанецот Џефри Беренс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top