
Во компанијата од Штутгарт за оваа пригода го искористија трилитарскиот мотор со шест цилиндри, во кој се вградени две турбини. Тој веќе е проверен мотор бидејќи е вграден во моделот „Е 400“.
Максималната сила на моторот, кој ги исполнува новите стандарди Евро 6, изнесува 333 коњски сили и е остварлива во работен режим од 5.250 до 6.000 вртежи во минута. Најголемиот обртен момент изнесува 480 њутн-метри и е на располагање од 1.600 до 4.000 вртежи во минута.
Во споредба со капацитетот на неговиот претходник, моторот во „СЛ 400“ е помоќен за 27 коњски сили и нуди дополнителни 110 њутн-метри.
Атрактивниот кабриолет е целосно изработен од алуминиумски легури и со моќниот мотор забрзува до 100 километри на час за 5,2 секунди, што е за 0,7 секунди подобро од неговиот претходник. Максималната брзина е ограничена електронски на 250 километри на час.
Со таквиот режим на работа на мо- торот се намалува потрошувачката на гориво на просечни 7,3 литри на 100 километри, што е за пет проценти помалку од неговиот претходник.
Преносот на силата на моторот се врши преку седумстепен автоматски менувач.

Внатрешноста е изработена од висококвалитетни материјали во комбинација со кожа, кои даваат удобност и уживање при возењето.
Производството на овој модел се очекува да почне оваа пролет, а првите модели треба да се појават на пазарот во Германија во втората половина од оваа година.
Во зависност од опремата што е вградена, почетната цена изнесува околу 100 илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


