
Да се има стил не значи дека секогаш треба храбро да се експериментира со боите и со материјалите. Денес, можеби, ќе комбинираме нешто што пред не- колку години не би го споиле ни во најлуд сон, но во поголемиот број случаи е најдобро да се водиме од максимата „колку што е поедноставно, толку подобро“.
Едно е сигурно – минимализмот никогаш не излегува од мода.

Иконите на стилот Тилда Свинтон или Кејт Бланшет со години се водат од овој, минималистички стил на облекување, кој содржи чисти форми, монохроматска палета на бои и суптилни детали. Тие што го избираат овој стил на облекување се карактеризираат со софистицираност и отменост. Во минималистичкиот стил нема непотребни детали.
Мајстори на минималистичката естетика се Кевин Клајн, Вера Ванг, Ланвин, Селин и Хајдер Акермен, а едноставните паричиња облека ќе ја одбележат и оваа сезона.
За минималистички стил на облекување потребни ви се:
пантолани со рамен крој
геометриска чанта
капут со едноставен или
асиметричен крој
интересни чевли
едноставен фустан или
туника со А-крој
Силни и нападни бои не се добредојдени
Силните и нападни бои не се добредојдени кога зборуваме за минималистичкиот изглед. Ако сакате да го следите овој начин на облекување, тогаш избирајте бела, црна, сива, крем и сите посветли нијанси на кафена.
Пожелно е облеката да биде составена од чисти и едноставни линии и облици, со едвај забележливи детали.
Важен е составот и видот, како и обработката на материјалот. Во минимализмот не се дозволени шарени дезени и впечатливи додатоци. „Помалку е повеќе“ е максимата што го карактеризира овој стил, затоа не расфрлајте се со модните додатоци.
Носите максимално два детаља, но вредни – како на пример прекрасен златен ремен, бисерен прстен или необични очила за сонце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


