Посредникот во разговорите за спорот за името амбасадорот Метју Нимиц свика нова рунда разговори на 6 мај во Њујорк. Според соопштението на Обединетите нации, двајцата посредници во разговорите, амбасадорот Зоран Јолевски и грчкиот дипломат Адамантиос Василакис, ја прифатиле поканата.
Според утврдениот формат, Нимиц првин ќе се сретне одделно со двајцата посредници, а потоа и на заедничка средба во седиштето на Обединетите нации.
Оваа средба, која доаѓа пред европските и локалните избори во Грција, беше најавена по претходните разговори во Њујорк на 26 март. Нимиц тогаш најави и посета на Македонија и Грција, откако во двете земји ќе завршат изборните циклуси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



